Информација од уписот во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (прво и второ пријавување)
Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 20 до 25 јуни 2024 година и доставувањето на потребната документација до училиштата беше во истиот период, а второто пријавување на 1 и 2 јули до 15:00 часот 2024 година. Ранг листи се објавија на 26 јуни, односно на 3 јули 2024 година.
По првото пријавување квалификациско тестирање се организираше на 28 јуни 2024 година во следниве училишта:
- СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар, медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик.
- СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра, на македонски наставен јазик.
По второто пријавување, квалификациско тестирање ќе се организира на 5 јули 2024 година во:
- СУГС „Цветан Димов“ – Град Скопје, здравствена струка за образовните профили, медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик.
Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификациско тестирање по второ пријавување, ќе се објават на 5 јули 2024 година.
Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување добиени се следните податоци:
Во првото пријавување вкупно се пријавија 15786 ученици од кои:
- 11 268 ученици за настава на македонски наставен јазик;
- 4 231 ученици за настава на албански наставен јазик;
- 277 ученици за настава на турски наставен јазик и
- 10 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во второто пријавување вкупно се пријавија 2 738 ученици од кои:
- 1 517 ученици за настава на македонски наставен јазик;
- 1 126 ученици за настава на албански наставен јазик;
- 95 ученици за настава на турски наставен јазик и
- 0 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во двете пријавување вкупно се запишаа 15481 ученици од кои:
- 11645 ученици за настава на македонски наставен јазик;
- 4105 ученици за настава на албански наставен јазик;
- 320 ученици за настава на турски наставен јазик и
- 10 ученици за настава на српски наставен јазик.
Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно:
- 4652 ученици во гимназиско образование од кои:
Ø 3163 ученици на македонски наставен јазик;
Ø 1331 ученици на албански наставен јазик;
Ø 148 ученици на турски наставен јазик и
Ø 10 ученици на српски наставен јазик.
- 11 428 ученици во стручно образование од кои:
Ø 8482 ученици на македонски наставен јазик;
Ø 2 774 ученици на албански наставен јазик;
Ø 172 ученик на турски наставен јазик.