26/11/2024
Македонија

Ковачевски за Водици: Празникот да ни биде поттик за духовно прочистување и инспирација за добри дела

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во Скопје.

По церемонијата на осветувањето на водите на реката Вардар и фрлањето на светиот крст, премиерот Ковачевски на присутните граѓани им го честиташе денешниот празник и му честиташе и на граѓанинот кој го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа.

Претседателот на Владата, Ковачевски, пред присутните истакна дека значењето на денешниот празникот е можност да ја осознаеме безвременска порака дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност.

„Богојавление е голем празник. Денес бевме присутни тука во Скопје, на реката Вардар каде што архиепископот македонски ги освети водите на Вардар, меѓутоа во сите градови низ државата ова е една традиција која секогаш не потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир, во соживот. Во тој дух сакам да го честитам празникот на сите наши граѓани и да посакам успешна година, среќен празник, на сите оние кои слават именден да им честитам именден“, изјави премиерот Ковачевски.