23/11/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради „вршење јавен превоз без лиценца“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(64) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

При контрола, извршена на 15.10.2022 на пресекот на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси патничко возило „фолксваген голф“ и констатирале дека нема соодветна лиценца за вршење јавен такси превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.