Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (две основни училишта и 14 средни училишта), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.