04/02/2025
Спорт

Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација ја стартува 2025 со Национален семинар за тренери и судии

Викендов на 31.01 2025 (сабота) во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии , каде учество зедоја членови од стие клубови на федерацијата.

После зимскиот распуст и празниците, и покрај зимските вируси, одзивот беше повеќе од очекуваното, при што спортската сала беше преполна, што тоа не радува дека имаме членови кои се лојални и кои се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси, можеме да се пофалиме како федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои 12 се А класа, додека 11 од нив се Б класа, а истотака имаме и 10 комплетни меѓународни судии кои освен како бодовни судии, сега ќе можат да се и централни судии, од кои еден до нив ( Давид Велковски) ќе биде судија на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија, од 28.04 – 04.05 2025 година , при што посебно внимание беше посветено на него,изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски, кој искажува благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” , Министерство за спорт и Општина Охрид.

Истотака Лазаревски најавува учеството на М.Т.Т.Ф на Меѓународниот натпревар Тирана Опен 2025, кој ќе се одржи од 22-23 .02 2025 година, и го најавува Државното првенство ко ќе се одржи на 15.03 2025 година. Во С.Р.Ц.Билјанини Извори.