26/11/2024
Македонија

Македонскиот краткометражен филм „Црни и Криви“ награден на фестивал во Романија

Македонскиот краткометражен филм „Црни и Криви“ од Марко Џамбазоски доби признание на романскиот фестивал „12 Months Film Festival“ кој се одржува во Клуж-Напока. Филмот е награден во две категории „Награда од публика“ и „Продуцент на месецот“…

Crni-i-Krivi-Blacky-and-Faulty-Poster

Филмот „Црни и Криви“, кој досега беше прикажан на повеќе филмски фестивали низ светот, е македонска комедија во режија на Марко Џамбазоски, кој е и сценарист и монтажер на филмот, извршен продуцент е Бошко Мангаровски, Марко Димитриевски е директор на фотографија, а главните улоги ги толкуваат: Горан Ников, Тони Денковски, Чедомир Митевски, Ердоан Максут, Мирјана Трпковска и други. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје.