30/11/2024
Македонија

МЗШВ дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви и до министерството за економија достави анализа на цените за земјоделските произовиди на овошје и зеленчук.

Би сакале да нагласиме дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи трошоците кои земјоделците ги имаат за приозводството и согласно тоа се креираат мерките на министерството за поддршка на домашното производство.

Притоа следиме два парметри преку кои ги креираме мерките, а тоа е системот за следење на приозводствената цена на фарма, односно колку се реалните трошоци за производство на земјоделците и пазарниот информаривен систем каде се следат цените на големо и мало за земјоделските производи.

Истите се формирани од производствените трошоци кои ги имаат земјоделците и од маржата на трговците со земјоделски производи. Оттука, согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот, бидејќи таквото замрзнување во овој период нема да влијае во намалувањето на откупните цени за земјоделците.

Сепак врз основа на сите параметри крајната одлука по ова прашање ја има министерството за економија.