23/11/2024
Охрид

Министерот Спасовски на состанок на Централниот совет на Македонскиот полициски синдикат во Охрид

„Меѓу првите зацртани цели што ги дефиниравме уште на почетокот на мандатот на актуелното раководство на МВР беше целосната, безрезервна поддршка на синдикалното делување, преку конкретно интензивирање на за нас неопходната социјална соработка и партнерство со репрезентативниот синдикат, отворање нови перспективи и можности за конкретни и поквалитетни договарања и решенија, со цел подобрување на професионалниот, социјалниот, економски статус на сите вработени во нашата институција“, истакна министерот Оливер Спасовски во поздравното обраќање на состанокот на Централниот совет на Македонскиот полициски синдикат што се одржа во Охрид.

Според Спасовски, сето тоа ефектуираше со динамична соработка која беше заокружена со потпишувањето на новиот Колективен договор, со чии што измени е направен значаен исчекор со позитивна рефлексија во однос на синдикалните, социјалните и професионалните права на вработените во МВР. Посочувајќи дел од новините во Колективниот договор, како што се: наградата за добиено новороденче, исплатата во износ од 20% средства наменети за храна за колегите кои работат ноќе, исплата во износ од 5% на час за домашно дежурство во криминалистичката полиција, награда за ментори за успешно спроведена менторска програма, Јубилејна награда во износ од половина од просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР, министерот Спасовски нагласи дека во изминатиот период беа преземени сериозни активности за севкупно подобрување на материјално-техничката положба на полициските службеници, изразени како во поглед на професионалната опременост на полицијата, така и во поглед на инфраструктурните услови и капацитети за работа на полициските организациони единици.

„И во оваа тековна година продолживме со набавка на униформи, па специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи и чевли се набавени и за другите полициски службеници, за Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ, за Хеликоптерската единица, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници. Успеавме да обезбедиме зголемување на платите за 5% за 2022 година, сè со цел продолжување на процесот на усогласување на платата за припадници на МВР. Покрај ова, веќе ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, а реализиравме навремена исплата на средства за тековните бонус плати, при што обезбедивме и средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во текот на 2021 година. Ова се дел од работите што во овој интензивен реформски период зад нас успеавме да ги реализираме. Притоа, останавме посветени на начелата на отвореност, комуникација и соработка како базични за натамошно унапредување не само на професионалните и синдикални стандарди, туку и на севкупното функционирање на министерството како сервис на грѓаните“, рече министерот Спасовски.