30/11/2024
Македонија

Министерството за правда организира „Денови на бесплатен правен совет“ во сите подрачни одделенија

Министерството за правда во соработка со Адвокатската  комора, Нотарската комора, Комората на извршители и Комората на медијатори, утре (22 ноември – четврток) организира „Денови на бесплатен правен совет“ за граѓаните кои имаат прашања од областа на медијацијата, адвокатурата, нотаријатот и извршувањето, а граѓаните ќе можат да добијат бесплатен правен совет.

„Денови на бесплатен правен совет“ ќе се одржи утре во сите подрачни одделенија на Министерството за правда со почеток во 12:30 часот, а во подрачните оделенија во Тетово, Гостивар и Дебар, граѓаните ќе можат да добијат бесплатен правен совет на 23.11.2018 година, со почеток од 12:30 часот.

Концептот на бесплатна правна помош во себе инкорпорира една хумана димензија која подразбира дека сите граѓани треба да имаат загарантиран пристап до правдата. Главна цел на Законот за бесплатна правна помош е давање на можност на што поголем број граѓани пристап до правда и квалитетно правично и фер судење.

Правото на бесплатна правна помош согласно законот може да го остварат лица кои со оглед на својата материјална положба не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржување на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство.

Поради обезбедување поширок пристап до бесплатната правна помош, Министерството за правда најавува измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош кој е донесен во 2009 година.

Бесплатните правни совети, граѓаните за првпат ќе можат да ги добијат во сите (27) подрачни одделенија, како што предвидува и Законот за бесплатна правна помош: 

1.    ПО Берово – Ул.Димитар Влахов бр.10, Берово
2.    ПО Ресен – Ул.Плоштад Цар Самуил б.б. Ресен
3.    ПО Гевгелија – Ул.Маршал тито бр.170 Гевгелија
4.    ПО Делчево – Ул. Методи Митевски Брицо бр.40
5.    ПО Кочани – Ул. Раде Кратовче бр.1
6.    ПО Кавадарци – Ул. Плоштад Маршал Тито б.б.
7.    ПО Неготино – Ул. Ацо Аџи Илов бр2
8.    ПО Битола – Ул. Булевар 1ви Мај б.б
9.    ПО Струга – Ул.Пролетерски Бригади б.б
10.  ПО Македонски Брод – Ул. 7ми Септември бр.4
11.  ПО Крушево – Ул.Никола Ѓурковиќ б.б.
12.  ПО Свети Николе – Ул.Плоштад Илинден бр.12
13.  ПО Струмица – Ул.Сандо Масев бр.1
14.  ПО Крива Паланка- Ул.Св.Јоаким Осоговски бр.175
15.  ПО Чаир – Ул. Булевар Босна и Херцеговина бр.16
16.  ПО Валандово – Ул.4ти Јули бр.1
17.  ПО Кисела Вода – Ул. Борис Трајковски б.б.
18.  ПО Кичево – Ул.Борис Кидрич бр.1 
19.  ПО Куманово – Ул.11ти Октомври б.б
20.  ПО Дебар – Ул.8ми Септември б.б
21.  ПО Гостивар – Ул. Браќа Гиноски б.б
22.  ПО Гази Баба – Ул. Булевар Александар македонски б.б.
23.  ПО Охрид – Ул.Димитар Влахов бр.57
24.  ПО Кратово – Ул.плоштад Павел Шатев бб
25.  ПО Виница – Ул.Бел Камен бр.13
26.  ПО Тетово – Ул.Дервиш Цара бр.68
27.  ПО Пробиштип – Ул. Јаким Стојковски бр.1