Мицкоски: Историски најголема откупна цена за лозарите зголемена за 25% согласно Законот за вино, за Вранец 20,8 додека за Смедеревката 18,3 денари по килограм
Историски најголема откупна цена за лозарите.
Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино.
Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг , додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг.
За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 денари, што значи дека оваа година имаме зголемување за 3,3 денари односно 22%. Додека пак килограм грозје Вранец во 2023-тата година се откупувало по цена од 18 денари, во 2024 година имаме зголемување од 2,8 денари односно 15.5%.
Целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот.
Дополнително со ребалансот се издвоија 1 милијарда 250 милиони денари за исплата на заостанати долгови кон земјоделците кои минатата Влада не ги исплатила. И 350 милиони денари за АД водостопанство и Национални шуми каде со месеци претходно не се исплаќало плата.
Борбата за стандардот на земјоделците е наш приоритет. Овој пат државата создава за народот.
Исполнуваме
За тебе!
#МакедонијаЗаТебе