26/11/2024
Македонија

МОН и БРО потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми за седмо, осмо и деветто одделение

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците да се запознаат и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.

Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во следниот формулар и истиот се доставува на електронската адреса за соодветното одделение:

nastavniprogrami7@mon.gov.mk

nastavniprogrami8@mon.gov.mk

nastavniprogrami9@mon.gov.mk

(Наставните програми може да се симнат од веб страницата на Бирото за развој на образованието во делот Известувања/Јавна консултација).

 Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Затоа, промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците.

 Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август. Во интерес на транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе се презентираат јавно.

 Новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение.