27/12/2024
МакедонијаСтруга

Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

На 09.07.2021 врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Струга извршија претрес во домот на К.П.(47) од Струга, заради основано сомнение за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ , предвидено во чл. 215 од Кривичниот законик. Притоа, при претресот во домот на К.П пронајдени и одземени се 139 семки од растението Канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и други предмети со остатоци од марихуана. К.П. е лишен од слобода, предметите се одземени а по целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

На 09.07.2021 во 21.15 часот, при контрола извршена на улицата „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга во паркиран патнички автомобил кај лицето С.Ј.(30) од Скопје, пронашле кеса со кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.