29/11/2024
Македонија

Нуредини: Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел Малешево за заштитен предел

Со посебно задоволство ја информирам јавноста дека на денешната 127-та седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на државата се зголеми на 13,8%.

Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата. 

Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје.