26/11/2024
Македонија

Обраќање на претседателот на Владата на РСМ, Оливер Спасовски по повод Меѓународниот ден на Ромите

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,

Почитувани наши сограѓани од ромската заедница,

Нека ни е честит Меѓународниот ден на Ромите.

Te ovel emenge bute bershenge o bidjuko – mashkardjijanengoro dive e Romengoro 8-to April.

Република Северна Македонија, како и целиот свет, денеска слави една уникатната традиција, верување и култура. Традицијата, верувањата и културата на Ромите, како значајна вредност во светското и на македонското културно наследство.

Со одбележувањето на овој празник правиме уште еден заеднички чекор на најдобар можен начин да ја промовираме и практикуваме нашата стратешка определба за изградба на концептот „Едно општество за сите“, по углед на големата европска идеја – Обединети во различностите.

Различностите во нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство.

Оваа година Меѓународниот ден на Ромите го прославуваме во вонредна состојба и без јавни настани заради мерките преземени против заканата од коронавирусот.

И во овие услови, кога зборуваме за „Едно општество за сите“, зборуваме за наше заедничко учество и почитување на мерките и препораките кои ни помагаат да ја совладаме опасноста и да го запреме ширењето на коронавирусот.

Тоа ќе ни помогне да си го заштитиме општеството и да ги намалиме социјалните и економските последици.

Како никогаш до сега, токму сега е време да се сплотиме и обединиме за да покажеме дека умееме да бидеме модел и за успешно и функционално општество и во овие вонредни услови.

Да си ги сочуваме почитта и грижата на едните за другите. Нека ни биде тоа модел за нашата заедничка иднина која ја градиме, и која започнува и завршува, со почитувањето на сите заедници.

На заедници кои што соработуваат, се надополнуваат и меѓусебно се збогатуваат.

Нека ни е честит празникот – Меѓународен ден на Ромите!

Te arakha amaro kamipe thaj amaro dertluko jekh jekheske.

Te ovel akava modeli amare anglunipaske fundamenti, savo afirmirinaja respektea sa e minoritetenge kl amari them.

Etnikumia save jekh jekhe vas dena thaj maskar peste barvalipe kherena.

Te ovel emenge bute bershenge o bidjuko- mashkardjijanengoro  dive e Romengoro 8-to April.