26/11/2024
Охрид

Оваа сабота Св.Симеон Столпник, се празнува во Куратица

Почеток на црковната година

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 – 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ? уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.

Празнувањето на Св.Симеон Столпник во Куратица, 14.09.2024 – Сабота започнува со утринска богослужба во 11:00 часот.

Од 12 часот ќе се служи свечен ручек и следува заедничка музичка веселба на Курајчкото сретсело, а ќе не забавува групата Фолк Мерак.
Црквата се наоѓа во близина на сретселото веднаш над училиштето или погледнете на мапа  https://maps.app.goo.gl/pW6G52wkEW4BGnFy8