30/11/2024
Македонија

Османи на средба со Зеленски: ОБСЕ има капацитет да им помогне на луѓето преку работата на терен

Во рамки на посетата на Киев, Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи денес оствари средба со претседателот на Украина Володимир Зеленски на која ја изрази својата поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напорите за враќање на мирот и стабилизација на регионот.

„Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на Претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата.

ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата.  Неопходна е оваа поддршка на украинските напори да се врати мирот и да изгради стабилна иднина за нејзините граѓани”. –истакна Османи.

Османи порача дека ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен.

“Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска  мисија на ОБСЕ во Украина. Мисијата ќе направи голема разлика на терен за обезбедување на стабилност, безбедност и почитувањето човековите права за секој граѓанин”.-порача Османи.

Посетата на Османи на Украина е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, во кое фокус се става кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија.