23/11/2024
Македонија

Пандемијата од „ковид-19“ во фокусот на он-лајн состанокот на Националните координатори за борба против трговија со луѓе во ЈИЕ

Државната секретарка на МВР, м-р Магдалена Несторовска, како Национален координатор на Република Северна Македонија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на ден 15.04.2020 година учествуваше на он-лајн состанок на мрежата на Националните координатори за борба против трговија со луѓе од земјите во Југоисточна Европа, кој беше организиран од страна на ICMPD, во улога на Секретаријат.

Тема на состанокот беше влијанието на пандемијата од КОВИД-19 врз напорите за борба против трговија со луѓе во регионот, вклучително и пристапот до помош и заштита на жртви на трговија со луѓе, како и спроведените дополнителни мерки во насока на заштита на мигрантите и жртвите на трговија со луѓе во државите.

Врз основа на дискусиите и изјавите на координаторите, од состанокот ќе произлезе заедничка изјава, која што ќе биде споделена преку интернет страницата на ICMPD и други он-лајн алатки, вклучително и на социјалните мрежи.