22/11/2024
Македонија

Петти регионален координативен состанок за имплементација на Патоказот за одржливо решение за нелегално поседување и трговија со мало и лесно оружје

Денеска (6 јули) во Скопје заменик директорот на Бирото за јавна безбедност и претседател на Националната комисија за мало и лесно оружје Ариф Асани учествуваше на Петтиот регионален координативен состанок за имплементација на Патоказот за одржливо решение за нелегално поседување, злоупотреба и трговија со малото и лесно оружје (МЛО) и нивната муниција во Западен Балкан до 2024 година.

На состанокот Асани го презентираше напредокот на Република Северна Македонија во спроведување на целите предвидени во Патоказот, како и идните планови и предизвици со цел остварување на поголеми резултати во подигнување на јавната свест за опасностите од злоупотреба на огнено оружје, спречување на трговијата со оружје, како и воспоставување ефикасни системи за размена на информации.