23/11/2024
Македонија

По втор пат реализација на проектот „Ден со македонските водечки извршни директори“ под покровителство на претседателот Иванов

Под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, а во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, по втор пат ќе се реализира проектот „Ден со македонските водечки извршни директори”, во периодот од декември 2018 година до март 2019 година.

Главна цел на проектот е десет млади амбициозни луѓе од Македонија да поминат еден ден со македонските водечки извршни директори, со што ќе добијат ретка можност да се запознаат како изгледа работниот ден на еден врвен менаџер, да навлезат во процесите на водењето на компанија, да стекнат нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе придонесат за развој на нивниот претприемачки дух.

1_FIC2_FIC