30/11/2024
Македонија

Потврдени 7 нови случаи на КОВИД-19 – оздравени се 24 пациенти – почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје 4, Дебар 4, Струмица 1, Куманово 1, Штип 3, Прилеп 3, Кочани 5 и Тетово 3.  

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина. 

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Куманово 2, Тетово 3 и Кочани 2. 

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.231, а последната дистрибуција по градови е: 

  • Скопје 411
  • Куманово 340
  • Дебар 51
  • Штип 34
  • Прилеп 117
  • Тетово 60
  • Струга 55
  • Велес 59
  • Битола 17
  • Охрид 15
  • Кавадарци 4 
  • Гостивар 13
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 4 
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 28
  • Пробиштип 2
  • Кичево 2
  • Неготино 2
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 1

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Преку ИЈЗ – 201, преку Ветеринарен факултет – 0, Авицена – 0, Биотек – 0, Филип Втори (Жан Митрев) – 6  и Систина со PCR метода – 0. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на КОВИД-19. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.