26/11/2024
Македонија

Премиерите Ковачевски и Петков одржаа пленарен состанок во присуство на делегациите од двете земји

Во рамки на официјалната посета на делегацијата од Република Бугарија, во Владата на Република Северна Македонија се одржа пленарен состанок на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Бугарија, Кирил Петков, заедно со членовите на двете Влади.

На пленарниот состанок на владините делегации од двете држави се дискутираше за важноста од реализација на проектите во насока на подобрување на состојбата во конкретни области меѓу двете земји за што министрите на двете Влади ги презентираа нивните заклучоци од билатералните средби.

По пленарната седница предвидена е заедничка прес-конференција на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.