27/11/2024
Македонија

Премиерот Заев упати писмо со сочувство до италијанскиот колега Џузепе Конте, по повод катастрофалната поплава на Венеција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со сочувство до неговиот италијански колега Џузепе Конте, по повод штетите и жртвите од поплавите кои ја погодија Венеција.

„Со загриженост ја примив веста дека повеќе од 85 проценти од градот Венеција е поплавен, вклучувајќи ја и историската базилика и многу нејзини плоштади и улички, во трагичната елементарна непогода.

Несомнено, климатските промени го чинат своето, но, загубата на човечките животи е ненадоместлива, за што ви го упатувам моето искрено сочувство.

Дозволете ми, почитуван колега, да ги споделам со Вас моите желби за брзо надминување на штетите од оваа природна непогода.

Нашите мисли и молитви се со Вас“, се вели во писмото кое премиерот Заев го упати до претседателот на Советот на министри на Италијанската Република.