29/11/2024
Македонија

Премиерот Ковачевски со честитка за Денот на македонската револуционерна борба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните.

„На Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври, со гордост се сеќаваме на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност.

Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава. Нивната храброст и одлучност е мотив ние денес гордо и достоинствено, обединети и со забрзан чекор да ги остваруваме државните цели.

Учиме од историјата и чекориме силно и храбро кон иднината.

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба”