Претрес во Битола, пронајдена марихуана, за дилерот определен притвор
На 20.09.2023 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Д.(33) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три ќеси, односно околу половина килограм марихуана.
Лицето било приведено во полициска станица Битола, по што било предадено на судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.