Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
На 08.10.2024 во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода У.Д.(44) од Охрид. При претрес во апартманот во Охрид, кој привремено го користел, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Toj бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.