29/11/2024
Македонија

Приведен крадец баран со потерница за казна затвор од една година

Денеска (19.06.2024) околу 12 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје на ул. „Качанички пат“ во Скопје, на територија на општина Бутел, го лишија од слобода А.Ш. (49) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд- Скопје за затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.