23/11/2024
Македонија

Приведен криминалец баран со централна потерница за казна затвор од две и пол години

Денеска (21.02.2022) во 11.00 часот на ул.„Нов живот“ во нас.Шуто Оризари, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(44) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.