30/11/2024
Македонија

Приведен криминалец од Прилеп кој намерно опожарил возило

На 04.08.2023, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, по преземени оперативни мерки, го лишиле од слобода Д.М.(25) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 03.08.2023 на паркинг пред зграда во Прилеп со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(50) од Прилеп. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.