25/11/2024
Струга

Приведен криминалец од струшко баран со три потерници за издржување казна затвор од 8 години

Денеска (03.01.2023) во 10.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Т.О.(45) од с.Октиси, струшко. За него биле распишани три потерници за издржување казна затвор од вкупно осум години.

По наредба на Основен суд Скопје 1 Т.О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело по член 247, по наредба на Основен суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 и по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 246 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.