22/11/2024
Македонија

Приведено лице по распишана потерница за издржување на казна затвор

Денеска (13.02.2022) полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир го лишиле од слобода Ќ.И.(49) од Скопје.

За него била распишана потерница со која се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.

Тој е приведен и ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.