23/11/2024
Македонија

Програми за размена на студенти и стипендии во Бразил

Министерството за образование и наука информира за можноста македонските граѓани да го продолжат своето високо образование во Бразил преку користењето на две мобилни програми.

Првата програма е за размена на студенти на додипломски студии имплементирана од Министерството за надворешни односи и Министерството за образование на Бразил.

Заинтересираните кандидати треба да се обратат со Амбасадата на Бразил во Софија најдоцна до 21 јули 2023 година на е-маил: consular.sofia@itamaraty.gov.br

Втората програма е од Меѓународната група за соработка на Бразилските универзитети која нуди 1100 стипендии на 54 Бразилски универзитети за продолжување на магистарски или докторски студии.

Условите и други останати информации може да се добијат на е-маил: gcub.mob@gcub.org.br