23/11/2024
Македонија

Продолжува подобрувањето на условите за работа на полициските службеници и зголемувањето на платите

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините изнесени денеска од Независниот синдикат при МВР и обидот за груба манипулација со јавноста.

Согласно Колективниот договор на МВР, кој што нормира и дозволува користење на одредени средства сопственост на МВР за потребите на вработените, Македонскиот полициски синдикат упати, согласно процедурите, барање за доделување службен автобус и возила, а заради одржување на годинешно собрание на нивниот највисок синдикален орган – Централниот совет на МПС. Следствено барањето и моменталните околности (ангажман на возилата) беше позитивно одговорено на барањето на МПС, исто како што позитивно би се одговорило доколку такво барање благовремено и согласно процедурите било испратено и од Независниот синдикат.

МВР ја информира јавноста дека од 01.12.2018 година, е зголемена платата на сите униформирани полициски службеници на министерството, а пак, како што во неколку наврати беше најавено од страна на раководството на министерството, во наредната 2019 година платата на вработените во МВР повторно ќе се зголеми за пет проценти. Со оглед на транспаретноста на Министерството, за ваквите активности, како и за сите други активности, особено околу унапредувањето на статусот на вработените и унапредување на нивните материјално-технички услови на работа, во многу наврати и министерот за внатрешни работи и Одделот за односи со јавност преку изјави, соопштенија, и преку официјалниот веб сајт на министерството ја информираше јавноста, а истовремено согласно интерните процедури постојано се информираат сите вработени без исклучок.

За актуелното раководство на МВР, како во изминатава година, така и во иднина примарно ќе биде воспоставувањето на основи за долгорочно подобрување на професионалните, техничките и стручни стандарди на сите вработени во македонската полиција.