23/11/2024
Македонија

Расчистена тешка кражба во Битола, приведено едно лице, украденото е вратено на сопственикот

На 10.02.2022 во 23.50 часот на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(29) од Битола.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по чл.236 од Кривичниот законик.

Кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело и се вратени на сопственикот.

Тој е приведен во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.