26/11/2024
Охрид

Санкции за угостителски објекти во Охрид што работеле незаконски: затекнати лица без сертификат, со лажен сертификат…

На 25/26.12.2021 година од 23 до 02 часот, полициски службеници и вработени од Управата за јавни приходи, на подрачјето на Охрид, извршија контрола во 17 угостителски објекти при што, затекнаа четири малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, едно лице со лажен сертификат за извршена вакцинација и три лица без сертификати за извршена вакцинација. Претставниците од УЈП, кај повеќе угостителски објекти, констатирале низа неправилности во готовински промет.

По овие основи, против физичките и правните лица, ќе бидат поднесени соодветни пријави.