29/11/2024
Македонија

СДСМ: Денеска пред македонското собрание е предлогот за нова влада која ќе се посвети на економски раст и ќе води напред

Денеска пред македонското собрание е поставен предлогот за нова влада, подготвена посветено да работи пред се на економскиот раст во државата во полн четиригодишен мандат.

Предложениот нов состав од 19 министри и министерки подготвено, сериозно и посветено се обврзуваат дека ќе водат напред, дека ќе работат уште повеќе и уште подобро и воедно ќе бидат пример за секој граѓанин, за уште поголемо учество во креирањето на нови и уште поуспешни политики насочени исклучиво во нивен интерес.

Новиот владин состав одговорно, отчетно и посветено ќе работи и гарантира континуитет во спроведувањето на нашите заеднички стратешки приоритети: членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со п
коронавирусот и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции.

Силно веруваме дека преку квалитетна дебата во Собранието предлозите за новиот владин состав ќе го добијат потребното мнозинство, по што Северна Македонија и граѓаните ќе ја добијат новата Влада посветена на реализација на програмските определби.

Македонските граѓани на изборите одржани на 15 јули се определија за принципите и вредностите на СДСМ и коалицијата и ги поддржаа политиките кои водат напред, за подобра иднина на сите граѓани, велат од СДСМ.