Стружанец заработи кривична, непостапувал според здравствените прописи за време на епидемија
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Ф.(41) и Ц.Б.(41), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2021 во 03.15 часот, полициски службеници од ОВР Струга ги затекнале пријавените како се движат со патничко возило, без дозвола за движење во време на забрана за движење од 22.00 до 05.00 часот.