30/11/2024
Македонија

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со културни добра, приведени осум лица (ВИДЕО)

На 30.09.2021 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Битола и СВР Тетово, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција, при што сузбиена е осумчлена организирана криминална група, која подолг временски период била инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со културни добра.

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при ОСОСК во текот на денешниот ден до ОЈО за ГОКК ќе поднесе кривична пријава против К.Т. (71) и Д. Р. (60) од Битола за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.265 ст.1), „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.266 ст.2 в.в со ст.1), „прикривање“ (чл.261 ст.3 в.в со ст. 1 и 2) и „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.264 ст.2), додека против З.Т. (48), Н.Л. (43), С.К. (63), Ѓ. П. (65), П.М. (48), сите од Битола и Б.К. (53) од Тетово за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2), „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.265 ст.1), „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.266 ст.2 в.в со ст.1), „прикривање“ (чл.261 ст.3 в.в со ст.1 и 2) и „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.264 ст.2) од Кривичниот законик.

При извршените претреси, кај Д.Р. се пронајдени две ловни пушки со патрони, а кај Б.К. пиштол, поради што кривично се пријавени и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи (чл.396 ст.1) од КЗ.

Во периодот од мај 2020 К.Т. и Д.Р. со цел стекнување противправна имотна корист, присвојување и изнесување во странство на предмети што претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови, континуирано или повремено, партиципирале останатите шестмина приведени.

Во своите активности, тие соработувале и со лица во Грција, Албанија и Хрватска во врска со продажба и изнесување во странство на археолошки предмети, природни реткости и благородни метали, пронајдени од нивна страна и посредувале при продажба и изнесување во странство на предмети што претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости пронајдени од други лица.

Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, на 30.09.2021 година извршени се претреси во дом и други простории на вкупно 10 локации (девет на подрачјето на Битола и една на подрачјето на Тетово), при што од слобода се лишени и приведени осумте лица.

При извршените претреси, се пронајдени и одземени метал детектори, стари монети, поголем број археолошки предмети во разни форми и димензии од метал, камен и глина, виолина со неидентификуван временски период на производство и потекло, скици, мапи, возило, лап-топ компјутер, мобилни телефони, две ловни пушки со патрони, пиштол и други предмети