Факти за Конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратешко партнерство
ФАКТИ ЗА ДОГОВОРОТ
Целиот текст на конечната спогодба на македонски: vlada.mk/mkgrdogovor
1. ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА
Македонско-грчкиот договор е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ.
Стануваме член на семејствата на НАТО и ЕУ нациите кои уживаат силен економски развој.
Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна.
2. МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТ Е ЗАШТИТЕН
Договорот гo гарантира правото да се определуваме како МАКЕДОНЦИ. Нема повеќе оспорувања.
Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.
3. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ЗАШТИТЕН
Според членот 1 (3) од Договорот, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота со дообјаснување. Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван.
4. ДРЖАВЈАНСТВОТО Е МАКЕДОНСКО, СЕГА И ВО ИДНИНА
Според членот 1 (3) од Договорот, нашето државјанство ќе биде: македонско / граѓани на Северна Македонија.
5. ХИМНАТА, ГРБОТ И ЗНАМЕТО НЕ СЕ МЕНУВААТ
Државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес.
6. МК – МКД ОСТАНУВААТ МЕЃУНАРОДНО ПРИФАТЕНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ КОДОВИ
Kодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).
7. ДОБИВМЕ ПОКАНА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО. НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ 30-ТА ЧЛЕНКА НА СОЈУЗОТ
Поканата беше заглавена од 2008. Со Договорот ја отстранивме последната пречка за нашето членство во НАТО. Ни се гарантираат сигурноста, безбедноста и економскиот развој.
8. ЌЕ ЗАПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, ПОДГОТОВКИТЕ СЕ ВО ТЕК
Имаме кандидатски статус од 2005 и од 2009 добиваме препораки од Европската комисија. За прв пат добиваме датум за почеток на преговорите за членство, како резултат на Договорот со Грција.
9. ДОГОВОРОТ ГАРАНТИРА МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА
Ја зголемува културната соработка помеѓу Македонија и Грција во делот на уметностите, танцот, киното, музиката, театрите и спортот. Го олеснува патувањето преку модернизирање и изградба на нови гранични премини. Ја зголемува соработката помеѓу двете држави во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, како и тероризмот и економскиот криминал.
10. НЕМА ВЕЌЕ ФИРОМ (ПЈРМ)
Со исполнувањето на Договорот ќе престане да важи референцата ФИРОМ (ПЈРМ) и нашата земја ќе биде заведена во Обединетите Нации под името Република Северна Македонија, преведено на сите јазици.
Целиот текст на конечната спогодба на македонски: vlada.mk/mkgrdogovor