26/11/2024
Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани од српската заедница,

Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Северна Македонија – Свети Сава и да ви посакам големиот празник да го поминете во хармонија, радост и среќа.

Празнувањето на духовникот Свети Сава е дополнителен мост за наше културно поврзување со соседна Република Србија, но и особено значаен дел од мозаикот на македонското мултикултурно и мултиетничко општество.

Би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам на сите припадници на српската заедница во Република Северна Македонија за нивниот придонес во сите сфери на општественото живеење и во градењето на демократска, просперитетна и заедничка татковина на сите.

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава.